Живеење со депресија не е лесно

📌Не си сам!
„Морате да научите да ја прифатите реалноста дека депресијата е телесна болест, исто како болеста на срцето, дијабетесот и ракот“ – вели проф. д-р Ричард Раскин, клинички психолог во Њујорк и Личфилд, Конектикат. „Можете да ја надминете така што ќе се трудите повеќе да се борите и ќе го приспособувате вашето однесување. Потребно е да прифатите дека имате физичка болест на која е потребно да ѝ обрнете внимание и нема никаква смисла да се обвинувате себеси за тоа.“
СОВЕТ:
Што да не му кажувате на некој кој е во депресија?
💁Не му велете: „На многу луѓе им е моментално полошо отколку тебе.“ – Дури и ова да е вистина, лицето не се чувствуваа така во тие моменти и тоа воопшто нема да му помогне.
👩Наместо тоа, речете: „Не си сам во ова.“
💁Не велете му: „Никој никогаш не кажал дека животот е фер.“ – Ова значи дека сте безобѕирни за чувствата на вашиот пријател.
👩Наместо тоа, речете: „Ти си ми важен.“
💁Не велете му: „Не е твоја вина.“ – Нормално дека не е негова вина, никој не ја одбира депресијата.
👩Наместо тоа, речете: „Ќе бидам цело време покрај тебе.“