Индивидуално советување

УКЛО Психолошко советувалиште во КРЕДО центарот во Битола
(простории во старата Касарна во објектот на Правниот Факултет Битола)
Проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска

Гордана Ристевска Димитровска е родена 1981 година во Битола. Дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје во 2007 година, специјализирала психијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје од 2008-2012 година. Во 2012 година ја одбранила магистерската теза „Невротрофен фактор со мозочно потекло (BDNF) како биолошки маркер за депресивно растројство“.Во 2016 година завршила докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, програма Клиничка медицина. Во април 2016 година ја одбранила докторската дисертација на тема „Влијанието на депресивноста врз квалитетот на живот кај жени лекувани од рак на дојка“.
Од 2009 година е вработена на Високата медицинска школа Битола, каде предава предмети од областа на психологијата, психијатријата, фармакологијата и сестринството.Во периодот од 2012-2015 година дополнително работела како психијатар во Казнено поправна установа Затвор Битола, а до денес дополнително работи како психијатар во приватна установа во Битола.
Нејзиниот клинички и истражувачки фокус е на растројствата на расположение и анксиозните растројства. Има објавено над 30 стручни и научни трудови во списанија и презентирани на конференции, и водела и учествувала во повеќе истражувачки и апликативни проекти.
Гордана Ристевска Димитровска има завршено повеќе едукации во различни психотерапевтски правци и техники. Во својата психотерапевтска пракса најчество практикува семејна и системска психотерапија, таа е семеен и системски советник и е обучена за работа на семејни проблеми, потешкотии во партнерските односи, справување и прилагодување на хронични психички и соматски болести, итн.
Претседател е на граѓанското здружение „Центар за психосоцијална поддршка и истражувања ОДРАЗ“ во рамките на кое од 2014 година води група за поддршка на жени лекувани од рак.
Член е на повеќе стручни здруженија како Лекарска комора на Македонија, Здружение на психијатри на Македонија, Европски колеџ за невро-психо фармакологија (ECNP) и Интернационална асоцијација за психоонкологија (IPOS).

УКЛО Психолошко советувалиште на Факултетот за безбедност Скопје

Проф. д-р Драгана Батиќ

 

Драгана Батиќ е доктор по психолошки науки, вонреден професор на Фaкултет за безбедност – Скопје. Родена е 1962 година во Белград. Дипломирала психологија во 1984година на Филозофскиот факултет во Скопје, магистрирала на клиничка психологија (1998) на Филозофскиот факултет во Белград, а докторирала во 2009 во областа на клиничка психологија и ментално здравје на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Ги предава психолошките предмети на Факултетот за безбедност на прв, втор и трет циклус на студии.
Како психолог во Центарот за социјална работа работи од 1990 до 2007 година на дијагностика, психосоцијална интервенција и психотерапија на малолетните престапници, конфликтни семејства, брачните парови во процес на развод на брак, жртви на семејно насилство, децата-жртви на психичка, физичка и сексуална злоупотреба.
Од почетокот на2007 година е во постојан работен однос на Факултетот за безбедност. Има завршено повеќе едукации од областа на психотерапија и психосоцијална интервенција. Учествувалаво бројни истражувања и проекти, научни и стручни конференции во земјата и во странство.Се занимава со клиничка и криминалистичка психологија и со психологија на стресот.До сега има објавено три книги, и над 50 научни и стручни трудови.
Има посебна лиценца за вршење на психолошка дејност во областа на психологија на здравје – Психотерапија.

Снежана Андреева клинички психолог и психотерапевт. Родена во Скопје 1962 година. Образованието на сите ниво го завршува на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје. 1987 година започнува прво вработување во училиште како училишен психолог до 2001 година. Во 1993 година започна Гешталт едукација во Гешталт центар Београд, кај Младен Костиќ и во наредниот период се стекна со Сертификат за Гешталт психотерапевт. Од 2001 до 2008 година работи како генерален менаџер во компанија и 2 години како менаџер за човечки ресурси. Во 2010 година го основа и активно работи како психотерапевт и тенер во АСПЕКТИ – Гешталт Центар „Младен Костиќ“ – Скопје и води едукативнни групи за Гешталт терапија како и групи за поддршка. Последните 20 години активно е вклучена во многу проекти и сите кризни состојби во Македонија како волонтер-психолог/психотерапевт. Основач е и на подружница АСПЕКТИ ИСТОК. Член на Национално гешталт здружение Контакт од 2008 година. Се стекна со Лиценца за психотерапија од Кормората за психолози во 2009 година. 2012 година стекна сертификат од Европска асоцијација (ЕАГТ). Беше на повеќе функции во Комората на психолози. Организатор е на три Гешталт конгреси во Македонија. Има повеќе публикации во областа на менталното здравје како и една напишана книга во 2012 г: „Позитивна комуникација во развојот: прирачник за родители и воспитувачи“. Работи како психотерапевт, тренер и супервизор. Од 2022 година е овластен супервизор од Комората на психолози. Надворешен соработник на Гешталт Институт IGW Загреб, Хрватска. Повеќе од 35 годишно работно искуство во областа на психологијата и менталното здравје.