Што после доживеаната траума?
![](https://www.psiholoskosovetuvaliste.uklo.edu.mk/wp-content/uploads/2021/03/trauma.png)
Дали е можно после исклучителна траума, не само да се вратиме во нашата претходна состојба, туку и да го подобриме нашиот живот?
Зошто некои луѓе се послаби по траумата а другите се посилни? После некои трауматски настан, како што е тешка болест или губиток на близок, разделба, развод, човек интензивно се занимава со она што се случило, при што има силни емоционални реакции. Вообичаените реакции на траумата се тага, анксиозност, бес, болка, а растење се појавува напоредо со тие измешани реакции а не наместо нив. Процес на растење се смета за начин на прилагодување на одредени негативни околности, како на трумата, така и на психолошките негативни ефекти од неа. Овој процес психолозите го нарекуваат пострауматски раст.
Трауматскиот настан е како земјотрес после кој градот (личност) мора повторно да се изгради. По траумата човек мора да се реконструира себеси. Тоа е захтевен процес, кој бара одалечување од своите цели, од сопствениот идентитет, од сопствените претпоставки и изградба на нови животни цели, модели и значења. Секој кој поминал низ ова знае дека тоа е мошне тешко и исцрпувачки, но, може да отвори нови можности и врата во нов живот.
Кога човек може да се обнови себеси на аутентичен начин, тогаш губитокот се трансформира во креативно растење. Тешкотиите не тераат да ги преиспитаме нашите дотогашни верувања, особено оние кои до тогаш сме ги земале здраво за готово. Негативните настани можат да не натераат да формулираме некои прашања до кои инаку не би дошле.
Ваквите искуства доведуваат до губиток но и до добиток. Често тие, добитокот и губитокот, болката и растењето се поврзани. Она што е важно во тешките времиња е да разбереме дека тоа е процес, дека треба да си дадеме време и дека не можеме веднаш да бидеме добро. Низ болката мора да се помине, да се доживее и прифати ранливота. Само тогаш можеме да поминеме низ стресното искуство и да го надминеме. По моето сваќање без ранливоста нема ни снага, тие се нераздвојно поврзани. Нашата снага лежи во прифаќањето на нашата ранливост.