Совети за поддршка на лице со депресија

📌Совети за поддршка на лице со Депресијата☀️
😔Депресијата е „негативна емоционална состојба“ во која лицето се чувствува тажно, уништено и мрачно. Вклучени се чувствата на вознемиреност и лутина. Најважната карактеристика на депресијата е отсуството на „позитивни емоции“, односно чувство на воодушевеност, задоволство, радост, исполнетост.
➡️Поттикнете придржување кон третман: Лицето кое се лекува од депресија, треба редовно да ги зема препишаните лекови и да одржува редовни психијатриски контроли.
➡️Неопходно е лицето да биде уважено и сослушано, тоа се остварува преку охрабрување да збори, да ги искаже свиоите чувства, да каже што размислува. Кога личноста збори, потребно е внимателно да се слуша, да се избегнува давање на совети или мислења или да се критикува. Само слушањето и разбирањето може да биде моќна алатка за исцелување.
➡️Потребно е да ги подржите конструктивно позитивно: Луѓето со депресија може строго да судат за себе и да најдат мана во сè што прават. Потсетете ги за нивните позитивни квалитети и колку таа личност значи за вас и за другите.
➡️Понудете им помош на начин што ќе им дадете предлог за конкретни задачи што би биле спремни да ги направите заедно, како на пример прошетка, гледање на филм, или хоби или друга активност во која претходно уживала. Но, не обидувајте се да ја принудите личноста да направи нешто со сила!
➡️Помогнете да се создаде средина со низок стрес. Создавањето редовна рутина може да му помогне на лицето со депресија да се чувствува повеќе контролирано. Понудете се да направите распоред за оброци, лекови, физичка активност и спиење и помогнете во организирањето на домашните работи.
➡️Понудете заедно да одите на лекар или на психотерапија