Како можете да му помогнете на партнерот кој се соочува со депресија.
Партнерските односи се исклучително важни за стабилноста на врската, па затоа, проблемите и предизвиците низ кои поминува партнерот треба да се еднакво важни и за другата страна. Така, врската во кревките моменти ќе се зајакни уште повеќе.
Депресијата е една од најчестите состојби со менталното здравје и честопати депресијата може да се појави заедно со aнксиозност. Депресијата може да биде блага и краткотрајна или тешка и долготрајна. Некои луѓе може да доживеат депресија само еднаш, а други може да доживеат депресија повеќе пати.
Депресијата може да доведе до самоубиство, но, тоа може да се спречи ако се обезбеди соодветна поддршка.