Минати активности

Психо-едукативни работилници

На 22.06.2022 завршија серија на психо-едукативни работилници во организација на Психолошко советувалиште-УКЛО, кои се одржуваа во текот на целиот летен семестар еднаш на две недели. Работилниците се одржуваа онлајн, преку платформата Google Meet, под водство на професорката д-р Драгана Батиќ, психолог,  психотерапевт.

Во работата со студентите се негуваше работилнички, искуствен пристап, студентите отворено зборуваа за теми за кои не се зборува често: емоции, траума, односот кон себе си и другите, самопочитување, и за се она што ги интересира во врска со нивната личност и менталното здравје.

Како организатор и водител на овие групи имав особена чест и привилегија, студентите во група да споделат настани и чувства кои ретко ги споделуваат, и така да учат за себе и другите. И оваа, како и претходните искуствени, психолошки работилници, покажуваат колку е важно за сите студенти да можат да споделуваат меѓусебно и да добијат поддршка во група.

Психолошко советувалиште –УКЛО ќе продолжи со организирање на ваквите групи и во наредниот семестар, во живо, но и онлине, за да може да им биде достапно на сите студенти од нашиот универзитет.


Онллајн дебата: Ментално здравје кај младите по ковид пандемијата

На 27.05.2022., одржана е онллајн дебата на тема : МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ КАЈ МЛАДИТЕ ПО КОВИД ПАНДЕМИЈАТА, организирана од Metamorphosis Foundation, Portalb и МЕТА- новинска агенција, на која како говорник учествуваше проф. д-р Драгана Батиќ од Факултет за безбебност-Скопје. На настанот зборуваа и Владимир Рендевски, заменик министар за здравство, Анита Николовска, извршен директор на Младите можат (Youth Can) и Николина Ивановска-Котевска, професорка по психологија во гимназија.

Проф д-р Драгана Батиќ го презентираше своето искуство во водењето на Психолошкото советувалиште УКЛО, кое е формирано како прво психолошко советувалиште на универзитет во нашата држава од 2018 година., пред пандемијата , но и за психолошката поддршка на студентите за време пандемијата, во функција на зачувување на нивното ментално здравје. Исто така, таа презентираше  истражување на стдентската популација, од 2020 година:  Психолошка состојба на студентите за време на пандемија со COVID – 19, кое е спроведено  заедно со проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска, кораководител на Психолошко советувалиште УКЛО,

На дебатата се поставуваа прашања на кои учесниците одговараа, а кои се однесуваа на системскиот пристап кон менталното здравје на младите, и што е она што државата во иднина треба да го обезбеди, со оглед на актуелноста и важноста на овој проблем.


[АНКЕТА] 91 отсто од студентите бараат психолошки советувалишта на факултетите

Потребата повеќе да се зборува на темата за менталното здравје секојдневно се зголемува, а тоа може да се забележи и по дискусиите, проектите и програмите што се планираат и спроведуваат од страна на организации и здруженија. Менталното здравје и говорењето јавно и слободно за истото треба да е незанемарлив дел од животот на секој млад човек како во странство така и во земјава.

Од тие причини, во развиените земји во Европа и светот, на различни работни позиции следува можност за психолошка поддршка или советување на вработените. Истиот метод, многу од земјите веќе со години го нудат и на своите универзитети преку поддршка и советување од стручни лица кои работат со студентите.

Во Северна Македонија застапеноста на вакви советувалишта на факултетите на државните и приватни универзитети е многу мала, со исклучок на Медицинскиот факултет при УКИМ, Универзитетот Св. Климент Охридски Битола (УКЛО) и Американ Колеџот, иако паралелно на тоа, нивното воведување има сериозна важност и придобивка за студентите. Ова за „Мета.мк“ го потврдува и психотерапевтот проф. д-р Драгана Батиќ, која е вработена на Факултетот за безбедност при УКЛО.

Д-р Драгана Батиќ, заедно со проф. д-р Гордана Ристевска-Димитровска, психијатар и психотерапевт, која предава на Високата медицинска школа во Битола за време на учебната 2018/2019 година го основаа првото бесплатно психолошко советувалиште наменето за студентите во рамките КРЕДО центар на УКЛО.

„Во нашата држава, за жал, не постојат советувалишта за млади, така што, освен во класични психијатриски установи и приватна пракса, студентите немаат каде да се обратат за разговор и разрешување на некои свои интимни проблеми. Токму овој факт
беше пресуден да се отвори психолошко советувалиште за студенти на универзитетот, што е вообичаено за универзитетските центри во западните земји“, забележува д-р Батиќ.

Покрај нејзиното стручно мислење, „Мета.мк“ во периодот меѓу 26 и 27 април заедно со „Студентарија“ спроведе анкета за потребата од постоење на советувалишта од ваков тип на факултетите. На онлајн анкетата одговорија околу 6.435 испитаници, студенти и други млади лица.

Според направената анкета од вкупно 7.228 одговори, најголемиот дел, 68 отсто се студенти на УКИМ, 15 отсто се студенти на УГД, 10 отсто се од УКЛО и останатите 7 отсто се студенти на другите државни и приватни универзитети во земјава.

На прашањето дали сметате дека треба да се воведе бесплатно психолошко советувалиште на факултетот на кој сте запишани, високи 91 отсто или 5.946 од вкупниот број на одговори (6.583), одговориле со „да“, додека само 9 отсто или 574 го мислат спротивното.

Според кажувањето на професорката Батиќ, основната цел на советувалиштето е унапредување на менталното здравје на студентите преку развивање на здрави животни стилови, негување на отпорност, како и помагање во разрешување на актуелните развојни проблеми.

„Сметам дека сите млади заслужуваат да имаат бесплатно психолошко советување. Студентите треба да имаат можност да ја добијат психолошката поддршка и советување на самиот факултет/универзитет, каде секојдневно престојуваат, каде не се потребни никакви предуслови, услугите се бесплатни, а анонимноста на разговорите е загарантирана, во склад со етичките принципи и кодексот на нашата струка“, вели таа.

Советувалиштето при УКЛО работи врз принцип на доверливост преку индивидуално или групно психолошко советување, психоедукативни работилници и предавања, како и работилници за развој на животни вештини.

Д-р Драгана Батиќ појаснува дека на психоедукативните работилници се отвораат теми кои се од егзистенцијална важност за сите луѓе, па и за младите, како што се: прашањата за самодоверба, љубов, односите со другите, добросостојбата, губиток и уште многу други за кои студентите, како што вели таа, немаат прилика често да разговараат.

„Студентите кои ќе се јават во советувалиштето, без разлика на тоа дали индивидуално или групно, се чувствуваат прифатено и уважено, за да можат да се отворат и слободно да зборуваат за себе и своите проблеми“, истакнува д-р Батиќ.

Советувалиштето работеше активно и за време на пандемијата, со тоа што од 2020 година сите активности се одвивале онлајн, а била воспоставена и телефонска линија.

„За да се утврди состојбата на студентската популација за време на пандемијата, Психолошко советувалиште – УКЛО спроведе истражување, чии резултати покажаа дека една третина од студентите имаат значајна анксиозност и изразена депресивност, а една третина од студентите имаат ниска резилиентност, каде жените се помалку порезилиентни од мажите. Секој втор студент покажува знаци на трауматизација и алармантен пораст на суицидалната идеација кај студентите (1 од 5 студенти или речиси 20 отсто) имале идеја за суицид. Околу 6 отсто од студентите речиси секој ден помислуваат на смрт или на самоповредување“, споделува д-р Батиќ, која заедно со проф. Ристевска-Димитровска се автори на истражувањето.

Своето мислење за тоа дали постапката за воведување на советувалиште за психолошка поддршка треба да се стави на листата на приоритети на оние факултети каде истото недостасува, солидни 89 отсто, или 4.853 од 5.465 анкетирани лица, се изјасниле дека треба.

Причините за позитивниот одговор на претходното прашање варираат зависно од индивидуалните потреби на студентите, а најголемиот дел од нив, 57 отсто или 1.236 лица, се согласуваат со сите наведени опции: подобрување на комуникацијата со професорите, потреба од советување за време на полагање, справување со товарот од учењето, промената на одржувањето на настава, онлајн или со физичко присуство. Постојат и 4 отсто од анкетираните кои велат дека има и други причини или дека воопшто не е потребно советувалиште.

Проф. д-р Драгана Батиќ смета дека досега студентите кои се обратиле кон советувалиштето се мошне задоволни и се зголемува нивниот интерес за подобрување на комуникацијата со другите и справување со своите проблеми, а нејзиниот став се одразува врз основа на анонимен прашалник за евалуација, кој како што објаснува, се изготвува по завршувањето на секој циклус на психоедукативни работилници.

„Она што го научиле за време на работилниците и вебинарите го сметаат за применливо во секојдневниот живот, пред сè за разбирање на сопствените емоции како и на емоциите на другите луѓе, надминување на непријатните психички состојби како избегнување на нервоза и стрес, конфликти и унапредување на вештините на самоизразување. Повеќето од студентите за прв пат учествуваат во ваков тип на работа на себе“, вели таа.

За време на првата средба меѓу претставништвото на студентското собрание на УКИМ и младите пратеници во Собранието на РСМ на 3 февруари годинава беше дискутирана иницијативата на студентите за подобрување на менталното здравје, како и потребата на правото на бесплатна психолошка помош за секој студент.

Батиќ потенцира дека долгорочна оддржливост и примена на овие активности и на останатите универзитети би можела да се обезбеди преку соработка со одредени психотераписки школи. Освен тоа, таа додава дека со студентите работат и на креативно уредување на Фејсбук страната на советувалиштето, што дополнително помага во процесот на дестигматизација на темата за менталното здравје. Исто така, студентите го проценуваат како голема предност тоа што работилниците се одржуваат на факултет без никакви дополнителни предуслови и што услугите се бесплатни.

Покрај понудените опции, анкетата остави можност и за додавање забелешка или друг коментар во однос на оваа тема. Во повеќе анонимни одговори се забележува дека советувалиште за психолошка помош и поддршка е потреба, како за студентите, така и за професорите.

Понатаму, се вели дека на целиот образовен систем му фали поголема едукација во однос на менталното здравје и освен на универзитетите, во секоја друга институција со образовен карактер е потребно вакво нешто. Останатите белешки велат дека ваква инцијатива е добробит и се дава поддршка за истата.

Во суштина, во нашето општество се неопходни реформи во образовнието во полето на воведување на психолошки центри за поддршка и советување. Иницијатива за полесно зборување за работи што не се видливи, а за кои сепак има потреба од советување, труд и работа за нивно подобрување, треба постојано да се нагласува и да биде поттикната од младите луѓе, со цел општеството да добие нови, ментално здрави и функционални личности.

Извор: мета.мк


Почитувани студенти, Со задоволство ве известуваме дека од 12.04.2022. започнуваме со серија на психо-едукативни работилници во организација на Психолошко советувалиште-УКЛО. Работилниците ќе се одржуваат еднаш на две недели, а ќе се зборува за теми кои се поврзани со менталното здравје на студентите. Работилниците ќе се одржуваат онлајн, преку платформата GoogleMeet, започнувајќи од 12.04.2022 во 17, под водство на професорката д-р Драгана Батиќ, психолог, психотерапевт.


Сите лица на депресијата

Драги студенти,
Во рамките на психолошкото советувалиште на УКЛО, во понеделник на 27 декември 2021 година од 18:00-19:00 часот ќе се одржи вебинар на тема: „Сите лица на депресијата“

На вебинарот ќе разговараме за тоа:
• Како може да се манифестира депресијата
• Како се лекува депресијата
• Предрасудите и стигматизирањето на лицата со депресија

Вебинарот ќе се одржи на платформата Google Meet, а ќе го одржи проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска, специјалист психијатар.

Во рамките на „ДЕНОВИ НА ПСИХОЛОГИЈА 2021“, „Кај психолог? И за мелем нарана и ветар во грб!“, нацонална платформа на Комората на психолози на РС Македонија за унапредување на Менталното Здравје, а во пресрет на патрониот празник на Универзитетот Св. Климент Охридски, Битола, на 06.12. 2021., професорките и раководителките на Советувалиште за студенти УКЛО, проф. д-р Драгана Батиќ, психолог и проф. д-р Гордана Ристевска-Димитровска гостуваа на Утринска програма на Македонска радио телевизија каде што ја претставија работата на ова прво, психолошко советувалиште за студенти кај нас. Целта е превенција на ментално здравје и развивање на резилиентноста на студентите.


Асертивност во комуникација – како да кажеме НЕ

Почитувани студенти, Со задоволство ве покануваме да учествувате на вебинарот „Асертивност во комуникација- како да кажеме НЕ“ , кој ќе се одржи на 11.11.2021, четврток, од 18 до 19.00 часот, онлајн, преку платформата Google Meet, во организација на Психолошко советувалиште-УКЛО. Ќе стане збор за асертивноста како образец на однесување кое може да ги спречи проблематичните односи во комуникацијата, поврзаноста со емоциите и придонесот на овој вид на комуникација за подобра емоционална благосостојба. Вебинарот ќе го одржи професорката д-р Драгана Батиќ, психотерапевт.


Ментално здравје и ментално нарушување: нормално и патолошко

Почитувани студенти и други учесници, Ви благодариме за интересот, присуството, активно учество и интригантни прашања на вебинарпт „Ментално здравје и ментално нарушување: нормално и патолошко“ под раководство на проф. д-р Драгана Батиќ, психолог. Со Вашето присуство и активни дискусии покажувате колку Ви се важни темите од областа на менталното здравје. Вашата посветеност на овие теми не поттикнуваат да организираме уште вакви вебинари
Со почит,
Психолошко советувалиште-Укло


Ментално здравје и ментално нарушување: нормално и патолошко

Почитувани студенти,  

Со задоволство ве покануваме да учествувате на вебинарот „Ментално здравје и ментално нарушување: нормално и патолошко“ (11–06-2021, петок) од 18.00 до 19.00 часот, онлајн, преку платформата Google Meet. Учесниците ќе имаат можност да научат повеќе тоа што е нормално а што патолошко во поглед на менталното здравје, за стигматизација на лицата кои бараат психолошка помош , како и за тоа како да ја избегнеме автоцензурата доколку имаме психолошки тешкотии.

Вебинарот ќе го одржи професор д-р Драгана Батиќ, психолог.

Линк до вебинарот


Анксиозност, што е тоа?

Почитувани,

Ви благодариме на вашата огромна посетеност, активност и дискусија за време на вебинарот на тема „Анксиозност, што е тоа?“ под раководство на проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска, специјалист психијатар.

Се надеваме дека уживавте во текот на предавањето, а во тек е и следниот вебинар за кој што ќе бидете благовремено известени!

Со почит,

Психолошко советувалиште- УКЛО

4
1
2
3
4
1

Анксиозност, што е тоа?

Драги студенти,
Во рамките на психолошкото советувалиште на УКЛО, во вторник на 25 мај 2021 година од 18:00-19:30 часот ќе се одржи вебинар на тема: „Анксиозност, што е тоа?“. На вебинарот ќе разговараме за тоа:

  • Што е анксиозност и кога таа станува патолошка
  • Зошто се појавува анксиозноста
  • Во какви форми може да се манифестира
  • Како се лекува анксиозното растројство
  • Предрасудите и стигматизирањето на лицата со анксиозно растројство

Вебинарот ќе се одржи на платформата Google Meet, а ќе го одржи проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска, специјалист психијатар.

Линк до вебинарот


Важоста на емоциитe за менталното здравје

На 16.04. 2021 се одржа вебинарот „Важоста на емоциитe за менталното здравје онлајн, преку платформата GoogleMeet, на кои присуствуваа стотина студенти од нашиот, но и од други унизверзитети од земјава. Учесниците имаа можност да научат повеќе за емоциите и емоционалната интелигенција, за тоа како да ги разбереме сопствените емоци и емоциите на другите. Студентите покажаа интерес и се вклучија во дискусијата за то како да го зголемиме капацитетот на разбирањето на себеси, што да правиме кога нема да се чувствуваме добро, како да се справиме со стигматизацијата која ја следи посетата на психолог и психијатар, како пандемијата влијае врз менталното здравје. Ова е прв вебинар од серијата вебинари кои Психолошкото советувалиште за студенти ќе ги организира овој семестар.

Вебинарот го одржа професорката д-р Драгана Батиќ, психолог.

Важоста на емоциитe за менталното здравје
Важоста на емоциитe за менталното здравје
Важоста на емоциитe за менталното здравје
Важоста на емоциитe за менталното здравје
Важоста на емоциитe за менталното здравје
Важоста на емоциитe за менталното здравје
Важоста на емоциитe за менталното здравје
Важоста на емоциитe за менталното здравје
Важоста на емоциитe за менталното здравје

Важоста на емоциитe за менталното здравје

Почитувани студенти,  

Со задоволство ве покануваме да учествувате на работилницата  „Важоста на емоциитe за менталното здравје“ (16–04-2021) од 17:30 до 19.00 часот, онлајн, преку платформата Google Meet. Учесниците ќе имаат можност да научат повеќе за емоциите и емоционалната интелигенција и улогата која тие ја имаат за квалитетот на нашиот живот. Работилницата ќе ја одржи проф. д-р Драгана Батиќ, психолог.

ЛИНК ДО РАБОТИЛНИЦАТА


IN4CHILD ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА



Индивидуално советување


Почитувани студенти,

Со задоволство ве покануваме да учествувате на работилницата „Градење на резилиентност – да го зачуваме менталното здравје и покрај неповолните услови“ која ќе се одржи во пeток (11-12-2020) од 17:30 до 19.00 часот онлајн преку платформата Google Meet.

Ако сакате да учествувате на работилницата, пополнете го формуларот за учество. На работилницата можат да учествуваат 10 студенти.

Учесниците ќе имаат можност да научат повеќе за психолошката отпорност и способност да се зачува добро ментално здравје, ќе можат да ја согледаат сопствената резилиентност и начините на кои може таа да се поттикне.

Искуствената работилница ќе ја води проф. д-р Драгана Батиќ.

Пријава за работа во група


Почитувани студенти,

Со задоволство ве покануваме да учествувате на работилницата „Градење на резилиентност – да го зачуваме менталното здравје и покрај неповолните услови“ која ќе се одржи во петок (11-12-2020) од 17:00 до 18:30 часот онлајн преку платформата Google Meet.

Ако сакате да учествувате на работилницата, пополнете го формуларот за учество. На работилницата можат да учествуваат 10 студенти.

Учесниците ќе имаат можност да научат повеќе за психолошката отпорност и способност да се зачува добро ментално здравје, ќе можат да ја согледаат сопствената резилиентност и начините на кои може таа да се поттикне.

Искуствената работилница ќе ја води проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска.

Пријава за работа во група


Почитувани студенти,
Со задоволство ве покануваме да учествувате на работилницата „Градење на резилиентност – да го зачуваме менталното здравје и покрај неповолните услови“ која ќе се одржи во понеделник (07-12-2020) од 14:30 до 16.00 часот онлајн преку платформата Google Meet.

Ако сакате да учествувате на работилницата, пополнете го формуларот за учество. На работилницата можат да учествуваат 10 студенти.

Учесниците ќе имаат можност да научат повеќе за психолошката отпорност и способност да се зачува добро ментално здравје, ќе можат да ја согледаат сопствената резилиентност и начините на кои може таа да се поттикне.

Искуствената работилница ќе ја води проф. д-р Драгана Батиќ.

Пријава за работа во група


Почитувани студенти,
Со задоволство ве покануваме да учествувате на работилницата „Градење на резилиентност – да го зачуваме менталното здравје и покрај неповолните услови“ која ќе се одржи во понеделник (07-12-2020) од 17:00 до 18:30 часот онлајн преку платформата Google Meet.

Ако сакате да учествувате на работилницата, пополнете го формуларот за учество. На работилницата можат да учествуваат 10 студенти.

Учесниците ќе имаат можност да научат повеќе за психолошката отпорност и способност да се зачува добро ментално здравје, ќе можат да ја согледаат сопствената резилиентност и начините на кои може таа да се поттикне.

Искуствената работилница ќе ја води проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска.

Пријава за работа во група