Како да медитираме?
Како да медитираме? Во ова време на пандемија, кога неизвестоста е дел од нашето живеење кое предизвикува стрес, многу професионалци од областа на метално здравје,инструктори по јога и други препорачуваат медитација за смирување на умот инамалување на ефектите од стресот.Ова е добра препорака, затоа што медитацијата има многу позитивни ефекти врз нашето здравје, физичко и ментално. Во овој текст нема да зборуваме за тоа, само сакаме да ви предложиме една медитација која секој може да ја проба и да ја научи. Се работи за медитација на броење на дишење . Оваа медитација е наменета на учење и практицирање на вештина, во секој момент да се работи само една работа. Таа една работае броењето на вдишување и издишување. Целта е целото внимание да биде насочено коноваа активност.
Еве како се практикува:
Се седнува удобно, во медитативна позиција или на стол, со исправена кичма, стапалата сена подот, главата во линија со телото. Медитацијата може да се прави и во лежечка положба (се легнува на грб, со благо раширени рацете и нозете, со глава во линија нателото) ако ви е тешко во седечката, но тогаш можете да се успиете. Стануваме свесни за своето тело и полека го отпуштаме започнувајќи од долните према горните делови нателото : стапалата, нозете, стомакот, градите, грбот, рамениците, шаките, рацете, вратот,главата , лицето… Кога телото е отпуштено полека вниманието го насочуваме кондишењето, набљудуваме како вдишуваме и издишуваме. Кога ќе се смири дишењето,пристауваме кон броењето на дишењето. Броиме секој пат кога ќе издишеме. Значи:Вдишуваме, издишуваме и броиме еден, вдишуваме, издишуваме и броиме два,вдишуваме издишуваме и броиме три, вдишуваме и издишуваме и броиме четири. Ова непрекинато го повторуваме во наредните 5, 15, 20 или 30 минути. Можеме, доколкунемаме искуство, да започнеме со 5 мин, па секој ден помалку да ја продолжувамемедитацијата.
Оваа медитација ја нудиме затоа што сметаме дека начинот на медитацијата е многу едноставен за разбирање. Но, доколку пробате, ќе видите дека задржување на внимание наедно нешто е тешко и бара дисциплина. Сигурно, за време на медитациајта, ќе ви сејавуваат мисли, чувства, и тоа е сосема нормално, а целта е да станете свесни за нив иповторно да се вратите на вашата задача а тоа е броењето на дишењето. Значи, каде и да веоднесе вашиот ум, повторно да се вратите на одбројувањето на дишењето. Оние кои прв пат вежбаат медитација, может да бидат изненадени кога ќе видат, дека,нашиот ум е недисциплиниран: скокнува од едно на друго, тешко се враќа на задачата. Сефаќаме себеси како размислуваме за се и сешто, само не за таа едноставна работа за којасме одбрале да се насочиме. Затоа, немојте да се обесхрабрувате, тоа е сосема нормално ,дури и за искусни медитанти, а особено за почетници.
Ќе видите , ако почнете редовно да ја практикувате, дека ќе има бројни позитивни ефекти,како што е поголема смиреност и намалување на нивото на стресот. Бидете трпеливи сосебе.