Луѓето реагираат и се однесуваат кон средината на различни начини. Оттука, естровертите или интровертите се само два типови на луѓе кои различно комуницираат со светот околу нас. Интровертноста и екстровертноста се два поларни начини на комуницирање. Исто така многу луѓе се идентификуваат како амбиверти, особина која се идентификува некаде на средина. Без разлика дали сте интроверт, екстроверт или амбиверт, разбирањето на вашите потреби е важно за одржување на позитивното ментално здравје. Секој има предности, слабости и различни потреби за грижа за себе. Најбитно од се е да се познавате себе си, а со тоа и да реагираат во однос на сопстевените потреби.