Емоционална интелигенција – EQ
Како да ги разбереме своите емоции и емоциите на другиот? Одговорот на ова прашање го дава концептот на емоционалната интелигенција. Основната теза за емоционална интелигенција е дека емоциите се многу важен аспект на реалноста кои треба да ги освестиме за да можеме со нив да управуваме. Познавањето на сопствените емоции овозможува бирање на начинот на реагирање во дадените ситуации, што не прави моќни, затоа што самоконтролата ни дава позиција во која сами одлучуваме како ќе реагираме во одредена ситуација. Тогаш, импулсивноста слабее, односно ние управуваме со емоциите, а не тие со нас. Стресот се намалува. Таа подразбира способност за баланс помеѓу разумот и емоциите.
Генерално земено, личноста со повисоко EQ покажува подобри резултати во сите области на животот- таа подобро ги перцепира своите емоции, ги разбира своите и туѓите емоции и полесно ги трансформира емоциите во зборови, поретко развива негативни однесувања како што се зависности од алкохол и дроги, насилно однесување и сл. Овие личности најчесто се омилени во друштво,имаат подобро расположение и чувство на задоволство . Она што е важно е дека eмоционалната интелигенција не е непроменлива, напротив, може да се развива во текот на животот преку соодветни тренинзи, едукација и психотерапија. Токму затоа, една од темите кои се нудат во психолошкото советувалиште за студенти ќе биде и како да ја зголемиме нашата емоционална интелигенција.