Како да престанете да објаснувате за се!

📜Ако не можете да објасните едноставно, тогаш вие не го разбирате доволно добро она за што зборувате. – Алберт Ајнштајн

Објаснувањето е важно, но прекумерното објаснување може да премине во негатина навика. Што е проблемот со тоа? Прво, тоа може да ве натера да се чуствувате несигурни или пак да имате недостаток на самодоверба.

Прекумерното објаснување може да направи другите да се чуствуваат како да пробувате да оправдате аругумент кој што не е доволно силен. Како второ, може вашите соговорници повеќе да ги збуни. Прекумерното објаснување нуди премногу информации кои што луѓето не можат соодветно да ги обработат. Па, како можеш да престанеш да објаснуваш?