Важноста на релаксацијата во секојдневниот живот

Во денешните услови скоро е вообичаено да се мисли дека стресот не може да се избегне.

Прашањето е како, и покрај стресните околности да го минимизираме неговиот негативен ефект. Стресот предизвикува физичка тензија, тензијата ја зголемува анксиозноста, и нивото на стрес се покачува.

Најдобар начин да се прекине овој зачаран круг е релаксацијата. Ова значи дека можеме да ја ослободиме пригушуваната енергија надвор од себе и да се смириме.

Кога телото е целосно смирено и релаксирано, не чувствуваме грижи, загриженост, лутина ниту умор.

Релаксацијата е спротивна на стресот. Затоа се користат планирани техники, кои служат да се постигне релаксацијата.Секоја техника може да се научи и да се користи независно, после одредени вежби и пракса. Оваа важна тема ќе биде разговарана во рамките на советувалиште за студенти.