Важноста на комуникацијата за меѓучовечките односи и менталното здравје

Успешната колмуникација е основата на меѓучовечките односи. Кога би се прашувале каква е нашата комуникација со другите луѓе би можеле да одговориме на овие прашања:

  • Дали е лесно да го кажеме она што го сакаме?
  • И тоа да биде кратко и јасно а исцрпно, доволно разбирливо и разумно а интересно и привлечно.
  • Каков е квалитетот на нашата секојдневна комуникација?
  • Колку размислуваме кога се обраќаме кон себе и другите?
  • Кога ќе започнеме контакт, дали навистина сакаме да се поврземе со друга личност, контактот да ни донесе пријатност, да не збогати, исполни?
  • Дали и колку често после контактот со некој размислуваме за убавина, содржајност и пријатност на тој контакт?
  • Или се завртуваме рамнодушно, и забораваме што се случило?
  • Дали се трудиме да го разубавиме тој момент, да го продолжиме?
  • Колку често комуникацијата која што ја остваруваме е спонтана и непосредна?
  • Дали ни е потребен и важен погледот, допирот и насмевката?
  • Што ни годи во комуникацијата со другите? А што не?
  • Дали размислуваме пред да кажеме пријатни или непријатни работи?
  • Колку сакаме да придонесеме за разбирањето со другите луѓе?

Наспроти мислењето дека секој од нас знае како да комуницира, вештина и уметност на комуницирање се учат. Процес на учење на правилна комуникација не е лесен, и, како и секоја друга вештина треба да се вежба. Успешниот процес на комуникација претпоставува добро развиени вештини на слушање, набљудување, вербално и невербално изразување.

Како и во колкава мера комуникацијата со другите луѓе влијае на квалитетот на нашиот живот и како да ја подобриме е една од темите на работилниците за раст и рaзвoj во Психолошко советувалиште за студенти.