Важоста на емоциите

Една од најважните работи кои мораме да ги научиме во животот е како да се смириме себеси. Секој од нас, особено во некои стресни ситуации знае дека тоа не е нималку лесно. Емоциите имаат голема важност во животот на секој човек бидејќи тие го одредуваат квалитетот на животот. Се појавуваат во сите релации кои ни се важни: во семејството, на работа, во односите со пријателите. Од една страна, ни го разубавуваат животот, но од друга, можат да создадат сериозни проблеми. Едноставно кажано, емоциите ја претставуваат сржта на животот на човекот и без нив животот би ни бил досаден. За разбирањето на себеси неопходно е да ги разбереме своите емоции, а тоа ќе ни овозможи да ги разбере и другите луѓе.

Како да ги препознаеме своите емоции, особено непријатните и како да се справиме со нив е една од темите кое ги нуди  Психолошко советувалиште за студенти.

Повелете и дознајте повеќе за сопствените емоции и за тоа како најлесно да се справиме со нив. Ве очекуваме.