Справување со стресот и развивање на психолошка отпорност

Како да се смириме себеси после доживеаниот стрес? Како да продолжиме со секојдневието? Како да ги превенираме идните проблеми: депресија, анксиозност, телесните болести?

На секој од нас овие прашања му се важни кога заради стресниот настан ќе му се прекине животната рутина.

Стресот е составен дел од животот, било да се работи за секојдневни проблеми или сериозни животни трауми. Никој од нас, за жал, не е поштеден од стресот, и затоа правото прашање не е да како да го избегнуваме стресот, туку како успешно да се носиме со него.

Терминот психолошка отпорност (резилиентност) се однесува на феноменот на превладување на стресот и трауматските настани и добар исход наспроти фактот што индивидуата се наоѓа во ризик за развој на психолошките проблеми.

Психолошката отпорност е дел од позитивната психологија и претставува процес на развој на вештини на прилагодување на промените, стресни и тешки настани во животот.

Умешноста да бидеме свесни за своите чувства и да ги прифатиме без оглед на тоа колку е тешко, е дел од овој процес.

На овие работилници ќе се научат  начини на справување со стрес кои најмногу ви одговараат, а потоа и како да ги развивате. Ќе научите да си помогнете себеси и на блиските во трауматска ситуација.

Студентите ќе имаат прилика да го осознаат сопствениот начин на справување со стресот и да го развиваат со примена на бројни техники како што се предводена фантазија, цртање, библиотерапија, релаксација и други….