Градење на резилиентност - да го зачуваме менталното здравје и покрај неповолните услови

Почитувани студенти,

Со задоволство ве покануваме да учествувате на работилницата „Градење на резилиентност – да го зачуваме менталното здравје и покрај неповолните услови“ која ќе се одржи во понеделник (07-12-2020) од 17:00 до 18:30 часот онлајн преку платформата Google Meet.

Ако сакате да учествувате на работилницата, пополнете го формуларот за учество. На работилницата можат да учествуваат 10 студенти.

Учесниците ќе имаат можност да научат повеќе за психолошката отпорност и способност да се зачува добро ментално здравје, ќе можат да ја согледаат сопствената резилиентност и начините на кои може таа да се поттикне.

Искуствената работилница ќе ја води проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска.