УКЛО Психолошко советувалиште во КРЕДО центарот во Битола
(простории во старата Касарна во објектот на Правниот Факултет Битола)
Проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска

Гордана Ристевска Димитровска е родена 1981 година во Битола. Дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје во 2007 година, специјализирала психијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје од 2008-2012 година. Во 2012 година ја одбранила магистерската теза „Невротрофен фактор со мозочно потекло (BDNF) како биолошки маркер за депресивно растројство“.Во 2016 година завршила докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, програма Клиничка медицина. Во април 2016 година ја одбранила докторската дисертација на тема „Влијанието на депресивноста врз квалитетот на живот кај жени лекувани од рак на дојка“.
Од 2009 година е вработена на Високата медицинска школа Битола, каде предава предмети од областа на психологијата, психијатријата, фармакологијата и сестринството.Во периодот од 2012-2015 година дополнително работела како психијатар во Казнено поправна установа Затвор Битола, а до денес дополнително работи како психијатар во приватна установа во Битола.
Нејзиниот клинички и истражувачки фокус е на растројствата на расположение и анксиозните растројства. Има објавено над 30 стручни и научни трудови во списанија и презентирани на конференции, и водела и учествувала во повеќе истражувачки и апликативни проекти.
Гордана Ристевска Димитровска има завршено повеќе едукации во различни психотерапевтски правци и техники. Во својата психотерапевтска пракса најчество практикува семејна и системска психотерапија, таа е семеен и системски советник и е обучена за работа на семејни проблеми, потешкотии во партнерските односи, справување и прилагодување на хронични психички и соматски болести, итн.
Претседател е на граѓанското здружение „Центар за психосоцијална поддршка и истражувања ОДРАЗ“ во рамките на кое од 2014 година води група за поддршка на жени лекувани од рак.
Член е на повеќе стручни здруженија како Лекарска комора на Македонија, Здружение на психијатри на Македонија, Европски колеџ за невро-психо фармакологија (ECNP) и Интернационална асоцијација за психоонкологија (IPOS).

Контакт: gordana.ristevska@uklo.edu.mk

 

УКЛО Психолошко советувалиште на Факултетот за безбедност Скопје

Проф. д-р Драгана Батиќ

Драгана Батиќ е доктор по психолошки науки, вонреден професор на Фaкултет за безбедност – Скопје. Родена е 1962 година во Белград. Дипломирала психологија во 1984година на Филозофскиот факултет во Скопје, магистрирала на клиничка психологија (1998) на Филозофскиот факултет во Белград, а докторирала во 2009 во областа на клиничка психологија и ментално здравје на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Ги предава психолошките предмети на Факултетот за безбедност на прв, втор и трет циклус на студии.
Како психолог во Центарот за социјална работа работи од 1990 до 2007 година на дијагностика, психосоцијална интервенција и психотерапија на малолетните престапници, конфликтни семејства, брачните парови во процес на развод на брак, жртви на семејно насилство, децата-жртви на психичка, физичка и сексуална злоупотреба.
Од почетокот на2007 година е во постојан работен однос на Факултетот за безбедност. Има завршено повеќе едукации од областа на психотерапија и психосоцијална интервенција. Учествувалаво бројни истражувања и проекти, научни и стручни конференции во земјата и во странство.Се занимава со клиничка и криминалистичка психологија и со психологија на стресот.До сега има објавено три книги, и над 50 научни и стручни трудови.
Има посебна лиценца за вршење на психолошка дејност во областа на психологија на здравје – Психотерапија.

Контакт: dbatic@yahoo.com