Психолошко советувалиште – Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

Важоста на емоциитe за менталното здравје

На 16.04. 2021 се одржа вебинарот „Важоста на емоциитe за менталното здравје онлајн, преку платформата GoogleMeet, на кои присуствуваа стотина студенти од нашиот, но и од други унизверзитети од земјава. Учесниците имаа можност да научат повеќе за емоциите и емоционалната интелигенција, за тоа како да ги разбереме сопствените емоци и емоциите на другите. Студентите покажаа интерес и се вклучија во дискусијата за то како да го зголемиме капацитетот на разбирањето на себеси, што да правиме кога нема да се чувствуваме добро, како да се справиме со стигматизацијата која ја следи посетата на психолог и психијатар, како пандемијата влијае врз менталното здравје. Ова е прв вебинар од серијата вебинари кои Психолошкото советувалиште за студенти ќе ги организира овој семестар.

Вебинарот го одржа професорката д-р Драгана Батиќ, психолог.

Важоста на емоциитe за менталното здравје

Почитувани студенти,  

Со задоволство ве покануваме да учествувате на работилницата  „Важоста на емоциитe за менталното здравје“ (1604-2021) од 17:30 до 19.00 часот, онлајн, преку платформата Google Meet. Учесниците ќе имаат можност да научат повеќе за емоциите и емоционалната интелигенција и улогата која тие ја имаат за квалитетот на нашиот живот. Работилницата ќе ја одржи проф. д-р Драгана Батиќ, психолог.

IN4CHILD ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА